Од почетокот на пандемијата во земјава од Ковид-19 заболеле повеќе од 185 илјади граѓани, починати се 6.367 лица

Од:

Останува ризична состојбата со Ковид-19 во државата. Бројот на новозаболени во државава на дневно троцифрен веќе подолг период. Во земјава активни се 12. 984 случаи. Најмногу активни има во главниот град, 5764.

Вчера беа регистрирани нови 557 случаи на заболени од Ковид-19, од направени 3.885 тестирања. Оздравени се 572 пациенти, а починаа 28 лица. Од новите случаи, најмногу се во Скопје – 268, потоа во Куманово 39 и во Велес 29.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 185.450, на оздравени пациенти е 166.099, а на починати 6.367.

Покрај Скопје со четирицифрена бројка активни случаи и натаму е уште Тетово каде што има 1069 болни. Куманово е веќе со 901 случај. Потоа според бројот на заболени се Струга со 650, Охрид со 625, Гостивар со 589, Кичево со 489.

Најмала бројка активни случаи и натаму има во Дајран каде во мометов има четворица заболени.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски