Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра

Од:

Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра), информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.

Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

Во септември, прометот од патарини по издадени профактури ЕТЦ изнесува 30.870.116, преку веб (онлајн) надополнување 30.888.802 денари. На наплатата преку системот „Отворен Балкан“ во септември отпаѓаат 10.486.530 денари.

Од ЈПДП велат дека електронската наплата достигнала 35 проценти.

Во подготвителна фаза е најавениот проект за надополнување на МТаг и Мкард и, како што велат од ЈПДП, се очекува во блиска иднина да се отпочне преку правни лица малопродажбата на М-ТАГ уредите низ целата држава.

Би можело да ве интересира

30 милиони евра од патарините за половина година

Катерина Ѓуровски

Левица: Владејачкото мнозинство да го прифати предлогот за крај на грабежот со патарините

Горан Наумовски

Левица: На кого му одговара организираниот грабеж со патарините?!

А1он

Левица: Македонците плаќаат најскапи патарини за најлоши патишта

ВМРО-ДПМНЕ: СДС им пречи што ЈПДП има зголемена наплата за 1,1 милион во јули оваа споредено со минатата година, затоа го напаѓаат Трајановски

СДСМ: За шеф на патарините е назначен човек со бројни злоупотреби зад себе

A1on