Од општина Ѓорче Петров 250.000 денари за семејствата од опожарената зграда во Даме Груев

Од:

Советот на општина Ѓорче Петров денеска донесе одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата од опожарената зграда во населбата Даме Груев во висина од 250.000 денари.

– Градоначалникот Сокол Митровски и членовите на Советот на општината Ѓорче Петров дополнително презедоа обврска од правните субјекти да обезбедат други материјални и финансиски средства за помош на најоштетениот граѓанин на кој му беше изгорен станот во целост, соопшти службата за информирање на општина Ѓорче Петров.

На седницата на Советот со мнозинство гласови се усвоени и одлуки за донесување урбанистички план за Кисела Јабука, за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Ѓорче Петров и Град Скопје за санација на ударни дупки. Продолжена е и одлуката за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на општината во висина од 5.000 денари.

Би можело да ве интересира

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Која општина колку должи и зошто: Ѓорче Петров со најголем минус, Аеродром со најмногу пари во каса

Кристијан Ландов