Од октомври унифицирање на дуќаните во Старата скопска чаршија

Од:

Од 1. октомври ќе почне процесот на унифицирање на излозите на дуќаните во Старата скопска чаршија, најави денеска министерот за економија Беким Незири по средбите со здруженијата на занаетчиите и на пазарџиите.

За годинава е предвидено да бидат унифицирани 60-тина дуќани во еден дел од чаршијата.

– Министерството  за економија има обезбедено околу 400 илјади евра и веќе од октомври активно ќе започне унифицирањето на излозите во Старата скопска чаршија. Апликациите сеуште не се поднесени затоа што проектот прво мора да се одобри од Конзерваторскиот центар и од Министерството за култура, рече министерот Незири.

Тој информира дека веќе е објавен повик за тоа како треба да изгледаат излозите што ќе биде субенционирано од државата.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош