А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Од новите 180 инфицирани, 80 не дале информација дека имале контакт со заразено лице

by Кристијан Ландов06/06/2020 - 12:4806/06/2020 - 12:561889
Share0

Сто лица од новите 180 заразени со коронавирус кажале дека во изминатиот период имале контакт со потврден случај инфициран од вирусот, се вели во извештајот од Институтот за јавно здравје, од каде се заклучува дека 80 од новозаразените, кажале дека немале контакт со заразено лице. Најмногу од новите случаи се лица на возраст од 30 до 39 години, со 43 позитивни.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Од обработените случаи, регистрирани се 5 хоспитализирани, а кај 35 лица е регистрирано присуство на коморбидитети, односно претходни заболувања. Во однос на пол, пријавени се 97 лица од женски и 83 од машки пол“, пишува во извештајот за вчерашните слуачи.

Од двата смртни случаи на жители од Скопје и Куманово, само едниот имал коморбидитети, додека, пак, двајцата имале контакт со потврден случај.

Според место на постојано живеење и повремен престој, случаи на коронавирус се регистрирани во 31 град низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според категоризацијата на ризикот од Светската здравствена организација, се проценува дека Скопје и Тетово се во четвртата фаза, односно имаат широко распространета трансмисија, додека, Штип е во трета фаза што значи дека трансмисијата е локализирана. Останатиот дел од државата е во втора фаза, односно, спорадични случаи.

Проценката на СЗО кажува дека постои висок ризик од ширење на коронавирусот на глобално ниво, но и во европскиот регион.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео