„Од нас за нас“: За вакцините да постои право на избор и лабораторија за контрола на квалитетот

Од:

Да се почитува правото на избор при секоја медицинска интервенција, вклучувајќи ја и вакцинацијата и секој родител да ги добие информациите пред секое вакцинирање и да одлучи согласно со своите убедувања – тоа се заклучоци од дводневната конференција „Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме“ која се одржа во Скопје.

Организаторот на конференцијата, здружението „Од нас за нас“, соопшти дека било заклучено и да се формира национална лабораторија за контрола на квалитетот на вакцините, да се спроведува вистинска статистика на нус-појавите кај одредени лица при вакцинација и да се формира фонд за обесштетување на лицата кај кои вакцините предизвикале негативни последици.

На настанот имаше 150 гости и експерти и лекари од земјава, Словенија, Хрватска и Србија, кои на оваа тема дискутираа од правен и од здравствен аспект.

– На конференцијата не дојдоа претставници од министерствата за здравство и за образование, како и од Институтот за јавно здравје, за да разјаснат врз основа на кои аргументи ги дискриминираат првачињата и претшколските деца и ги исфрлуваат од училиштата и градинките, соопшти Здружението „Од нас за нас“.

Би можело да ве интересира

Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата

Горан Наумовски

Невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка вели новиот министер за здравство

Манолева: Пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време

Над 3.600 деца вакцинирани или им е закажан термин преку кампањата „Од врата до врата“

Над 50.000 граѓани примиле вакцина против сезонски грип

За вакцинација против сезонски грип досега пријавени 58.012 граѓани, вакцинирани над 29.000