„Категорично ја демантираме министерката Мила Царовска дека шириме невистинити информации на фејсбук. Невистина е дека здружението ОД НАС ЗА НАС „прилепило илустрации на делови од Концепцијата“.
Здружението ОД НАС ЗА НАС нема тенденциозна намера да шири паника и да ја манипулира јавноста туку има за цел да ја информира јавноста за агендата на сеопфатното сексуално образование преку искуството на другите земји“, се вели во реакцијата на Здружението ОД НАС ЗА НАС на соопштението на МОН.
„Препорачуваме министерката внимателно да ја прочита целата објава пред да шири лажни и невистинити информации.
Целиот пост, објавен од страна на здружението ОД НАС ЗА НАС можете да го прочитате на следниот линк. Па вие самите одлучете кој ја лаже и манипулира јавноста! А министерката ако има барем малку доблест, ќе му се извини јавно на Здружението за нарушување на угледот и интегритетот“, се додава во реакцијата на Здружението ОД НАС ЗА НАС.