Од мисија во Авганистан вратен војникот кој учествуваше во настаните од 27 април

Од:

Војникот кој беше инволвиран во настаните на 27 април во Собранието, а кој набргу потоа замина на мисија во Авганистан од минатиот петок е вратен во Македонија и испратен на разговор кај обвинител.

Како што дознава МИА од Министерството за одбрана, за војникот кој претходно бил лоциран од полицијата како учесник во настаните на 27 април, постапката за негово враќање во Македонија почнала веднаш откако се дознало дека тој е упатен во мисијата.

Од Министервото посочуваат дека за вратениот војник веќе е отворена дисциплинска постапка како што се почнати постапки и за други офицери и војници на АРМ, кои учествуваа во немилите настани во Собранието на РМ од 27 април.

Би можело да ве интересира

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски