Непознати сторители синоќа извршиле тешка кражба во куќата на М.К. (55) на улица „Киро Ристовски-Дрнц“ од Тетово.
МВР информира дека сторителите насилно ја отвориле влезната врата, влегле внатре и одзеле 4.000 швајцарски франци и 850 евра, еден таблет и разновидна бижутерија.
Откако го извршиле делото побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.