Од куќа во Скопје украдени пари и накит вреден 3,8 милиони денари

Од:

Непознати сторители синоќа извршиле тешка кражба во куќата сопственост на И.Е. (29) на ул. „Груица Војвода“, во Скопје при што украле накит и пари во вредност од близу 3,8 милиони денари.

Како што информира во денешниот билтен МВР, кражбата била извршена во периодот од 21.15 до 22.00 часот, така што сторителите насилно влегле преку балконската врата на приземјето.

– Сторителите извршиле пребарување и претурање по просториите, при што во спалната соба пронашоле и одзеле метална каса во која имало пари во вредност од околу 600.000 денари, повеќе златни лири вредни околу 1.800.000 денари, разновиден златен накит во вредност од околу 2.100.000 денари и два рачни часовници. На тој начин се стекнале со противправна имотна корист од околу 3.780.000 денари, наведуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра