Од куќа во Скопје украдени 8.000 евра и накит

Од:

Во тешката кражба се однесени 8.000 евра, златен накит, шест женски рачни часовници, два рачни машки часовници и разен бижутериски накит од марките „Сваровски“ и „Оксет“.

Според МВР, вчера од 08,40 до 14,10 часот, во куќа на улицата Дебарска во Скопје, сопственост на 54-годишниот Н. Л., непознат сторител извршил тешка кражба при што одзел 8.000 евра, златен накит, шест женски рачни часовници, два рачни машки часовници и разен бижутериски накит од марките „Сваровски“ и „Оксет“.

Сторителот кражбата ја извршил на тој начин што ја прескокнал оградата од дворот, се прекачил на терасата од приземниот кат и со употреба на погоден предмет делувал на дрвената балконска врата, по што откако влегол внатре извршил пребарување и ги одзел наведените предмети. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он