Од корона кризата околу 15.000 лица во земјава останале без работа

Од:

Во земјава околу 15.000 работни места се изгубени за време на корона пандемијата, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се на податоците од Агенцијата за вработување.

Бектеши не верува дека враќањето на дијаспората го зголемува бројот на невработени, ниту досега, како што рече, имал прилика да види такви анализи.

-Секако дека имало многу наши сограѓани кои биле дел на сивата економија и во време кога се правеше регистрацијата во Агенцијата за вработување ја користеа можноста да се пријават и сега одат да добијат државна помош или гарантирана минимална помош и додатоци. Но, не сум видал такв анализи дека нашите сограѓни кои живеат надвор го зголемуваат бројот на невработени. Од пандемијата во Северна Македонија моментно има невработени околу 15.000 граѓани, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по денешното потпишување Меморнадум за соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски