Од карантинскиот викенд на Шилегов во Маврово револтирана била опозицијата, тој не гледал револт кај граѓаните

Од:

Очајот и немањето аргументи да се спротивстави на новите политики на Градот опозицијата го заменила со искривување на тезите за тоа каде бил градоначалникот за време на карантинскиот викенд. Вака градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, одговори на прашањето зошто не се солидаризираше со скопјани кои последниве три дена беа во карантин, а дел од медиумите објавија фотографии дека тој е во Маврово.

„Тоа е тотално изместување на тезите од страна на опозицијата. Јас ќе одговорам на тие лажни прозивки на опозицијата со уште поголем ангажман“, вели градоначалникот Шилегов.

Тој смета дека револт од неговиот карантински викенд во Маврово има само кај опозицијата, не и кај граѓаните.

„ Не гледам дека е револтот кај граѓаните, туку беше спин од медиумите блиски до опозицијата. Пак велам, тоа е изместување на тезите затоа што ниту знаете кога сум заминал, ниту кога сум се вратил, ниту знаете како овие три месеци живеам со моето семејство во смисла на карантините, во смисла на нивната изложеност. Мислам дека е целосно изместување на тезите, дефинитивно. Кога не можете да најдете забелешка за работата на градоначалникот, ја изместувате тезата зошто градоначалникот бил во своја куќа“, рече градоначалникот Шилегов.

Тој тврди дека опозицијата е депласирана во Скопје и оти разликата меѓу 25-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ со Градот и неговото владеење е очигледна па поради тоа опозицијата сега ги заморувала скопјани со тоа каде бил градоначалникот и каде и каков имот имал.

Градоначалникот Шилегов денеска го промовираше новиот кружен тек во Чаир, во близина на средното економско училиште, и најави дека допрва ќе стартуваат со нови градски проекти.

Би можело да ве интересира

Во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје

„Орце за 72 часа ќе направи генералка во Скопје, а потоа ќе следи одговорност“, вели Мицкоски

Ѓорѓиевски најави пошумување на Скопје, како и 50 мали маалски паркови

Горан Наумовски

Мицкоски: Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните

72-годишен маж од Скопје починал на улица

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ