Од јули до декември лани најмногу амандмани поднеле пратениците од ДУИ

Од:

Триесет и двајца пратеници не се јавиле за дискусија на пленарните седници на Собранието од јули до декември минатата година, покажуваат податоците од единаесетото издание на „Мојот пратеник“. Во истиот период донесени се 82 закони, 48 од економска област, 17 од политички систем и 17 од областа на јавните дејности. Одржани се 11 работни седници, пет за пратенички прашања, обраќања имало на две седници. Завршени се 16, а незавршени две седници.

Пратениците Али Ахмети и Мендух Тачи имаат најмногу оправдани отсуство од пленарните седници во периодот од јули до декември 2012 година. На листата по нив следуваат Фиат Цаноски, Рафет Мумировиќ, Ристо Манчев, Цена Матевска – Дуза и Ермира Мехмети.

Најголем број пратенички прашања на пленарни седници поставил пратеникот Изет Зеќири, дури 34, по него следува Беким Фазлиу со 25, па пратениците Јордан Пачков, Мерал Узеири – Ферати, Орхан Ибраими и Зијадин Села.

Најголем број предлог-закони од јули до декември лани поднеле пратениците од опозицијата, дури седум, по нив со по четири предлози се пратениците Александар Николовски и Лилјана Затуровска, а потоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со три предлози.

Најмногу амандмани во истиот период лани поднеле пратениците од ДУИ, а на оваа листа предводи Реџаил Исмаили со 15.603. Потоа следуваат Хајрула Мисими, Талат Џафери, Неџати Јакупи, Сузана Салиу, Хајрие Мисими, Вјолца Мехмети – Нуредини, Бехиџудин Шехаби, Арбен Лабеништа, Ермира Мехмети, Рафет Мумировиќ, Џевад Адеми, Ирхан Деари, Дешира Имери. Како осми на оваа листа е пратеникот Изет Зекири од НДП кој заедно со неговата колешка Фламуре Демири – Креци поднеле 460 амандмани. По нив следува Панче Орцев со 340.

Пратеникот Зекири ја предводи листата на пратеници кои најмногу се имаат јавено за дискусии на пленарните седници на Собранието во истиот период. По него е Благоја Стојановски од СДСМ, Билјана Казанџиска, Јани Макрадули и Марјанчо Николов.

Најголем број реплики односно контрареплики на пленарните седници за периодот од јули до декември имал пратеникот Јани Макрадулиод СДСМ, дури 110, а зад него е неговиот собраниски колега од НДП Изет Зекири. Трет на оваа листа е Јордан Пачков, зад него Радмила Шекеринска, Илија Димовски, Силвана Бонева, Весна Бендевска, Горан Мисевски, Марјанчо Николов, Горан Сугаревски и Владимир Ѓорчев.
Беким Фазлиу од ДПА имал најголем број процедурални интервенции на пленарните седници, а зад него на оваа листа е неговиот сопартиец Зијадин Села. Потоа следуваат Талат Џафери, Весна Бендевска, Игор Ивановски, Силвана Бонева.
Листата на пратениците кои немаат отсуство на пленарни седници во истиот период ја предводи претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а зад него се Силвана Бонева, Веле Георгиевски, Светлана Јакимовска, Драган Настевски, Малиша Станковиќ, Стевче Трпковски, Диме Маџовски, Јордан Пачков и други.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти