Од индикаторите ќе зависи дали ќе продолжат рестриктивните мерки и по 20 април, најави Филипче

Од:

Продолжувањето на сегашните рестриктивните мерки по 20 април ќе зависи од индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Ако има потреба – да, ќе ги продолжиме. Веројатно ќе разговараме викендов и на почетокот на идната недела и ќе ги следиме бројките и менаџирањето со болниците. Тоа беа критериумите врз кои одлучувавме и анлизиравме до сега, а така ќе биде и во текот на следната недела, додаде Филипче одговарајќи на новинарско прашање во врска со евентуално продолжување на сегашните рестриктивни мерки.

Рестриктивните мерки кои сега се во сила опфаќаат забрана за движење во периодот од 20 до 5 часот, а затворени се и сите угостителски објекти низ државата, како и рестораните и кафитериите во хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување.

Запрашан кога ќе се вакцинира против Ковид-19, министерот Филипче нагласи дека ќе почека да стигне поголемо количество на вакцини.

– Не би сакал да го земам редот на кој било што има поголем ризик. Така што ќе се вакцинирам кога ќе стигне поголема количина на вакцини, истакна Филипче.

Тој додаде дека лично не преферира ниту една вакцина, бидејќи, како што потенцира, сите се безбедни и проверени.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска