Од есен се враќаат визите за Македонија и Србија?

Од:

– Најголема опасност за укинување на безвизниот режим им се заканува на Србија и Македонија, бидејќи овие две земји имаа најголем број азиланти во минатиот период – вели известувачот на Европскиот парламент за визна либерализација, Тајна Фајон.

Таа објаснува дека после завршувањето на летото се очекува усвојување на механизми за суспензија на безвизниот режим за некои држави.

Според неа, засега не постои реална закана за укинување на визите, зашто во Европската унија не постои механизам за тоа, односно дека за тој механизам се разговара во Европскиот парламент, Европската комисија и Советот на ЕУ и дури потоа да се усвои.

На прашањето како ќе функционира системот ако Германија побара враќање на визите за граѓаните на Македонија и Србија, Фајон вели дека доколку Германија утврди има зголемен број на азиланти, самата држава ќе си побара од Европската комисија да ја расчисти ситуацијата.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

САД ќе ги укинат визите за до 200.000 странци кои побарале азил

Пресврт во Швајцарија: Руси останаа без визи за медицински третман

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа

Визите се причина за „војна“ помеѓу Бугарија и САД

Левица: Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија