Од две возила со автоматски пушки било пукано кон скопјанец во Бутел

Од:

Кон скопјанец попладнево од две возила биле испукани стотина куршуми, дознава „А1он“. Нападот се случи во скопската општина Бутел 2. Од полицијата го потврдуваат настанот и велат дека имаат добиено пријава од нападнатиот жител на Скопје.

Во 17:47 часотнападниот пријавил дека на улицата Христијан Тодоровски Карпош, новиот дел после подвозникот од десната страна, од две возила, едното Фолксваген Пајтон сива боја и Ауди 4 црна боја, во правец кон него од страна на неколку лица било пукано со автоматско оружје, но никој не бил повреден. Пријавителот посочил дека препознал дел од напаѓачите. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР за „А1он“.

Според извори на „А1он“, пријавителот посочил дека меѓу лицата кои пукале биле и двајца браќа од Сингелиќ. Засега нема официјални информации за лицата кои пукале кон скопјанецот, ниту пак, кој е причината за тоа. Истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

Мамдани најави истрага за пукањето во Бронкс