Од два стана во Скопје украдени девизи и накит од 920.000 денари

Од:

Девизи и златен накит во вкупна вредност од 920.000 денари се украдени вчера од два стана во Скопје од засега непознат сторител, информира денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот дневен Билтен.

Г.Ј. (41) во Полициската станица Центар пријавил дека вчера од 8 до 16:30 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан ул. „Св. Кирил и Методиј“. Крадецот делувал на заедничката влезна врата од ходникот преку кој се доаѓало до станот на Г.Ј. и стан сопственост на Л.Ш. Потоа насилно делувал на влезната врата од станот на пријавителот, влегол внатре и одзел пари, околу 500 евра и разновиден златен накит, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.

Откако го напуштил тој стан се упатил во станот на Л.Ш., каде одзел околу 12.000 евра и златен женски часовник по што го напуштил местото стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 800.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма