ВИДЕО: Од домот на Јанева одземен мебел

Од:

Од домот на Катица Јанева кој се наоѓа во Козле се одземени неколку парчиња мебел, меѓу кои, гарнитура и мала маса.

Мебелот беше товарен во камион кој неофицијално е во сопственост на МВР.

Од куќата е изнесена и вреќа во која не се гледаше што има.

Специјалната јавна обвинителка сеуште не е изведена пред судија на претходна постапка, а пред нејзината куќа има полициско обезбедување.

Јанева е осомничена во случајот „Рекет за злоупотреба на службена должност и овластување, а попладнево беше уапсена по што беше однесена во СЈО каде што се вршеше претрес на нејзината работна просторија.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов