Од денеска во општина Богданци увид во Избирачкиот список за референдумот за „Казандол“

Од:

Од денеска во просториите на општина Богданци на јавен увид на граѓаните им е ставен избирачкиот список во пресрет на референдумот закажан за 11 јуни на кој жителите на општината ќе се изјаснуваат дали се „за“ или „против“ работењето на рудникот за бакар „Казандол“.

Претседателката на Општинската изборна комисија Богданци, Венера Зелева изјави дека увидот во Избирачкиот список ќе трае пет дена, односно заклучно со 20 мај до полноќ.

Одлуката за одржување на референдумот беше едногласно донесена од Советот на општина Богданци, кој е составен од претставници на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ВМРО-Народна партија.

Би можело да ве интересира

Грозданов: Добиената арбитража за „Казандол“ е пирова победа

СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

Мицкоски: Лага е дека ќе се активира рудникот „Казандол“

Ќе има реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичево на Коридорот 8, а државата го доби случајот „Казандол“

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Богданци и околината

Горан Наумовски

Маж од Богданци осомничен дека силувал малолетничка

Горан Наумовски