Од денеска учениците ќе знаат кој ден ќе полагаат екстерно

Од:

Од денеска во основните и средните училишта каде треба да се спроведе екстерното тестирање ќе бидат објавени имињата на учениците со денот кога ќе полагаат.

Три дена пред тестирањето, учениците ќе бидат информирани кои два предмета ќе ги полагаат.

– Училиштата имаат обврска овие распореди денеска пред почетокот на наставата да ги постават на видно место, со цел учениците да се запознаат на која дата ќе полагаат. Распоредите дополнети со предметот кој ќе го полагаат учениците, ќе се објавуваат секој ден, односно три дена пред секое тестирање, истакна министерот за образование и наука Спиро Ристовски на прес-конференција.

Покрај во училиштата, распоредите ќе бидат објавувани и од страна на Државниот испитен центар на веб страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

Резултатите од тестирањето ќе бидат објавувани етапно, со тоа што предност и во полагањето и во добивањето на резултатите ќе имаат осмооделенците поради претстојните уписи во средните училишта што ќе се одржат на 23 јуни, односно на 18 јуни во Спортската академија.

Прашањата за екстерното тестирање беа објавени пред речиси еден месец, а, како што информира министерот Ристовски, прифатени се и 3.461 забелешка и направена е соодветна корекција на прашањата.

Со екстерното тестирање ќе бидат опфатени вкупно 189.037 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, како и 18.126 наставници во 680 основни и средни училишта. Тестирањето ќе го следат 638 набљудувачи, а ќе бидат ангажирани и 175 администратори. Активни ќе бидат и инспекторите на Државниот просветен инспекторат, а отворени ќе бидат и кол центрите на Државниот испитен центар.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Екстерното тестирање беше една од најголемите антиреформи

Наум Локоски

МОФ: Екстерното тестирање постигна само оштетени ученици и професори и залудно потрешени пари

Наум Локоски

МОН: Укинувањето на екстерното тестирање објавено и во Службен весник

Наум Локоски

ВИДЕО: Укинато екстерното тестирање

Наум Локоски

Законите за укинување на екстерното и локалните избори во скратена постапка во македонското Собрание

Наум Локоски

(ВИДЕО) Дескоска: Утре се укинува екстерното тестирање

Ана Ололовска