Од денеска се враќаат ноќните линии на ЈСП

Од:

Од денеска се ставени во функција ноќните линии на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и тоа со 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б.

„Воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на Градот Скопје. На овој начин за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на Градот пред две години“, појаснуваат од Град Скопје.

Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б, ќе сообраќаат секој ден, а преостанатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

Сите детали за возниот ред и трасите на ноќните линии се веќе достапни на веб страницата на ЈСП Скопје, додаваат од таму.

Би можело да ве интересира

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред

Шутаров: Срамна седница на Советот, хаосот со ЈСП е пример што следува откако ДПМНЕ ќе добие власт

СДСМ: Советниците од ДПМНЕ по групи договараа како да ги изиграат вработените во ЈСП

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

Стојановски: Од советот зависи дали ќе има нормален јавен превоз во Скопје

Автобусите утре во Скопје ќе возат само од 4.30 до 9 часот

Катерина Ѓуровски