Од денеска се казнува непочитувањето на Уредбата за носење на заштитна опрема

Од:

Од денеска, први мај се казнува непочитување на Уредбата за носење на заштитна опрема, информира Министерството за здравство.

Задолжителното е носење заштитна опрема – маска, марама или шал, на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.

❗️Од денес (1 мај) се казнува непочитување на Уредбата за носење на заштитна опрема.?Задолжителното е носење заштитна…

Posted by Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë on Петок, 01 мај 2020

Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните.

Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание, ако патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри.

Од Министерството за здравство апелираат да се почитуваат мерките.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски