Од денеска Поликлиниката Чаир, а до крајот на неделава и „Млин Балкан“ ќе врши тестирања за Ковид 19

Од:

Тестирање за коронавиросот од денеска во Скопје ќе се врши во Поликлиника Чаир, а до крајот на неделава и во Поликлиниката „Млин Балкан“. Уште два пункта ќе се отворат во другите градови во државата.

Системот на закажување во новите пунктови, кои се надополнување на сегашните 14, ќе остане по принципот на пријавување преку матичните лекари.

Министерот за здравство Ванко Филипче вчера на прес-конференција соопшти дека Комисијата од Министерството, го завршила увидот во сите, освен една приватна институција, односно, во двете приватни болници „Жан Митрев“ и „Систина“, во лабораторијата „Авицена“, а во текот на утрешниот ден и во лабораторијата „Биотек“.

Според него, за искористување и на тие капацитети, во Фондот веќе работат на пронаоѓање модел на соработка.

Согласно мислењата на епидемиолозите, појасни министерот, ќе се зголеми бројот на потребните тестирања.

-Системот за мобилни тестирања е подготвен и тој ќе почне да се применува следните денови со Скопје, нагласи Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски