Од денеска, почнува акцијата „Цел Центар на Точак“

Од:

Од денеска, 4.5.2017 (четврток), Општина Центар започнува со овогодишниот циклус од проектот „Цел Центар на Точак“.

Овој проект, кој се спроведува 4-та година по ред, се покажа како успешен и наиде на одличен прием кај жителите на општината. Годинава, Центар ќе субвенционира средства за купување на нови 1.111 велосипеди. Со тоа се реализира поставената цел, според која за четири години вакви субвенции ќе добијат повеќе од 4.000 центарци, овозможувајќи им поздрав живот, поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж.

Од буџетот на општината за оваа намена се одвоени 2 милиони и 800 илјади денари. Општина Центар ќе субвенционира 30% од цената за купување нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари, соопштуваат од општина Центар.

Секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед од денеска, потребно е да ги достави следниве документи:

– Барање за субвенционирање за купен производ (достапно во архивата на општина Центар, барака бр. 6 и за симнување на centar.gov.mk)
– Копија од лична карта
– Копија од транскакциска сметка,
– Фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општина Центар. Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат кај координаторот на проектот, Емил Николовски.
Телефони за контакт : 3203-631 и 076-353-620

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски