Од денеска казни на маркетите кои нема да ги намалат цените

Од:

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави во изјава за МИА директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

Како што посочи, во теренските проверки што ги вршеле вчера до 21 часот забележале дека маркетите не ги поставиле потребните ознаки, со кои требаше да ги означат производите на кои Владата им наметна пониски профитни маржи иако ДПИ им даде рок тоа да го направат до крајот на вчерашниот ден.

-Екипите на ДПИ од утрово се на терен низ целата држава и уште денеска од 12 или од 13 часот ќе почнат со казнување на маркетите кои не си ја исполнуваат обврската, изјави Трајковски за МИА и додаде дека маркетите се жалеле дека немале време да ги испечатат ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

Завршува мерката за ограничени маржи

Во Свети Николе како во Кочани: Угостителски објект, дивоградба, без најоснови услови за работа

Катерина Ѓуровски

Институциите се растрчаа: контроли во угостителски објекти во Тетово и Гостивар, два затворени

Затворени маркети, аптека и увозници кај кои се утврдени маржи до 70 отсто

Катерина Ѓуровски

Некои од трговските ланци, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот

Катерина Ѓуровски