А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Од денеска кај матичен лекар може да се закажува тестирање за коронавирусот

by А1он23/03/2020 - 15:5723/03/2020 - 16:14668
Share0

Од денеска ставени се во функција сите 14 пунктови за тестирање за коронавирусот и тие се објавени на веб-страницата на „Мој термин“, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Добивај вести на вибер

Со ова, во процесот се вклучуваат речиси сите 1200 матични лекари во државата.

„Секој граѓананин може да се јави кај матичниот лекар и да ги каже своите симптоми. Согласно податоците и алгоритмите, матичниот лекар ќе каже дали лицето треба да се тестира и ќе го одреди степенот на итност, па според тоа ќе се закаже и терминот за тестирање“, рече министерот за здравство.

Во Скопје, пунктови за тестирање се поликлиниката „Јане Сандански“ и поликлиниката во Ченто.

Во врска со употребата на антибиотикот „Сумамед“, Филипче рече дека од денеска лекот ќе може да се купи само со бел рецепт, односно на товар на Фондот за здравство, со оглед на големата потрошувачка на овој лек.

„Од лекот има доволно количини и апелирам граѓаните да не прават залихи и на своја рака да користат антибиотска терапија“, рече Филипче.

Освен ова, Филипче соопшти дека дијабетичарите телефонски можат да си ги продолжат рецептите и директно од аптека да го подигнат инсулинот.

„Секој пацент со дијабет кој зема инсулин може рецептот телфонски да го продолжи кај лекарот што го води и инсулинот директоно да го подигне од инсулинската аптека, да не оди на лекар спцијалист“, рече тој.

koronavirus mkdvenko filipce

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

Горан Наумовски24/03/2026 - 12:23

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он22/03/2026 - 16:1522/03/2026 - 16:08

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 14:31

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто