Од денешните пет потврдени случаи на заболени од коронавирус во Штип, двајца се од Радовиш

Од:

Министерството за здравство, добиената информација од Институтот за јавно здравје, информира дека во денешната статистика во делот кој се однесува на дистрибуција на заболени од Ковид-19 по градови, од денеска 5 потврдени случаи во Штип, по завршување на епидемиолошката анкета, 2 лица се од Радовиш, а истите се тестирани преку Центарот за јавно здравје – Штип.

Согласно ова, од потврдени 53 нови случаи дистрибуцијата по градови денеска е следна:  Скопје -13, Куманово – 8, Штип -3, Радовиш- 2, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.

Од инфографикот на „А1он“ може да се види и табелата на заболени од Ковид-19 според градови.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски