Чаир најголемо жариште на Ковид-19, во општината има 84 заболени

Од:

Чаир со 84 случаи се искачи високо на листата според бројот на заболени од коронавирусот. Сарај, Аеродром, Гази Баба и Бутел исто така не изостануваат според бројот на новодијагностицирани. Од денешните регистрирани 76 нови случаи, најголемиот број се од Скопје (52) и од Тетово (14).

Во Скопје, во моментов има 319 активни случаи на коронавирусот.

Од инфографикот на „А1он“ може да се види актуелната бројка на активни случаи на заболени од Ковид-19, според општини во Скопје.

Податоците од Институтот за јавно здравје говорат дека кај случаите за кои се добиени податоци, најзастапена е возрасната група од 30-39 години со 11 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 30 лица од женски и 25 од машки пол.

Регистрирани се 5 хоспитализирани, а кај 3 лица е регистрирано присуство на коморбидитети, односно претходни, хронични заболувања.

Од вкупниот број на нови случаи (76), 31 имале контакт со веќе потврден случај на Ковид-19.

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 26 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Денеска беше регистриран еден смртен случај. Според ИЗЈ, станува збор за лице од Струга на возраст од 56 години. Кај починатиот биле присутни симптоми и бил хоспитализиран на ГОБ „8 Септември“ каде и починал. Починатото лице имало пропратни коморбидитети, а е без историја на патување и контакт со потврден случај во државата.

Ако се земат предвид бројките во последниве месеци, кога беше дијагностициран првиот случај заболен од Ковид – 19 во земјава (26 февруари), статистиката на Институтот за јавно здравје е дека возраста на заболените во земјава се движи од 0 до 94 години (просек – 44,4 години), а најголем број заболени се на возраст над 60 години.

Од пријавените случаи, 24,8 проценти се или биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле или се на домашно лекување – асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнале до ИЈЗ (Инфективната клиника, ГОБ „8  Септември“, Клиничка болница Битола, Општи болници Прилеп, Куманово и Гостивар), моментално се хоспитализирани 90 лица, а од нив 24 се на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,0%), кашлица (52,4%), малаксаност (39,7%), треска (18,9%), главоболка (15,4%), отежнато дишење (14,6%) и болка во грло (14,1%).

Кај 791 или 33,4% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Во Македонија досега регистрирани се 2.391 заболени од Ковид-19. Од нив, оздравени се 1.595 а починати се 141 лице. Бројот на активни случаи изнесува 655.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска