Од четврток стабилизација на времето

Од:

УХМР најавува стабилазација на времето од четврток, но со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе бидат и негативни, а дневните ќе бидат во пораст.

Според УХМР, утринските температури во четврток ќе се движат -3 до три степени, а во петок ќе се спуштат на -6. Дневните, пак, ќе бидат од 6 до 18 степени.

За викендот, во сабота и недела, утринските температури ќе бидат исто така под нулата, а дневните ќе достигнат 21 степен.

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места. Долж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер.

Би можело да ве интересира

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Продолжува топлотниот бран во земјава

Катерина Ѓуровски

Портокалова фаза, 40 степени и здравствени ризици

Катерина Ѓуровски

Пеколен топлотен бран во Македонија, во регионот пожари, Дунав на најниско ниво

Сончево и топло, температури до 39 степени

А1он

Период на пеколно време во земјава, лекарите алармираат