Од четврток ќе се собира кабаст отпад во општина Кисела Вода

Од:

Oпштина Кисела Вода започнува со спроведување на акција за собирање на кабаст отпад на цела своја територија.

Активностите за подигнување на кабастиот отпад и електронската опрема ќе се одвивааат до крајот на април преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, а во истите ќе се вклучи и ЈП Комунална хигиена.

Секои последни два дена во седмицата ќе бидат опфатени по две месни и урбани заедници, каде освен тоа што ќе се подигнува кабастиот отпад, сезонските работници ангажирани од Општината ќе вршат и генерално чистење на улиците и кастрење на суви гранки на најфреквентните улици под надлежност на Општина Кисела Вода.

Воедно, ќе се интервенира и во делот на урбаното средување на скалите, како и средување на детските игралишта и парковите на територија на Општина Кисела Вода.

Распоредот на месните и урбаните заедници во кои ќе се работи е следниот:

УЗ Црниче, УЗ Пржино 21-22.03.2019 (четврток, петок)

УЗ нас. Драчево, МЗ село Драчево, МЗ Подстаница 28-29.03.2019 (четврток, петок)

УЗ 11 Октомври-Бараки, Згради 04-05. 04.2019 (четврток, петок)

УЗ Цветан Димов, УЗ Бирарија 11-12. 04.2019 (четврток, петок)

УЗ Кисела Вода, УЗ Расадник 18-19. 04.2019 (четврток, петок)

МЗ Припор, МЗ Усје, МЗ Пинтија, МЗ Стаклара-Каменик 28-29.03.2019 (четврток, петок)

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните кабастиот отпад да го одложуваат до 11 часот, во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици на начин што истиот нема да го попречува движењето на пешаците и возилата.

Воедно, потсетуваме дека вон определениот датум и време, не е дозволено одлагање на кабастиот отпад.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода