Од 8 до 14 часот достава на медикаменти и прехрамбени производи во Дебар и Центар Жупа

Од:

Достава на прехрамбени производи, медикаменти и останати потребни стоки на подрачјето каде што е прогласена кризна состојба (општините Дебар и Центар Жупа) ќе се врши единствено во периодот од 8 до 14 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму посочуваат дека заради продолжување со работа на индустрискиот капацитет „Кнауф Радика“ Дебар овозможен е безбеден проток на возилата со кои се врши транспорт на ресурси и стока во подрачјето каде што е прогласена кризна состојба.

– Возилата со кои се врши дотур на стока и возилата на компанијата „Кнауф“ се упатуваат кон безбедносниот пункт во правец на ХЕЦ Шпиље и ХЕЦ Глобочица или безбедносниот пункт преку Бошков Мост, од каде само со полициска придружба се упатува кон територијата на кризното подрачје, информира МВР.

Истоварот на стоката, додаваат, ќе го вршат исклучиво лица кои се веќе во подрачјето каде е прогласена кризна состојба, а на возачот на возилото или негов сопатник нема да му биде дозволено напуштање на возилото. По истоварот на стоката, возилото исто така со полициска придружба се враќа кон еден од безбедносните пунктови, каде по извршената дезинфекција му се дозволува слободно движење надвор од територијата на која е прогласена кризна состојба.

– Во интерес на зачувување на здравјето на граѓаните, сите граѓани задолжително да се придружуваат кон овие насоки за постапување, апелираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска