Од 504 медиумски работници, 26 имаат позитивен резултат на коронавирус

Од:

Од 504 тестирани медиумски работници, 26 имаат позитивен резултат на коронавирус. Од нив, шест вработени во медиуми имаат позитивен ИгГ тестот кој покажува дали инфекцијата од вирусот е помината и тестираниот има антитела, а 20 лица имаат позитивен ИгМ тестот за акутна фаза на вирусот. За ваквиот епилог од скринингот во медиумите, претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски, вели дека бројот на заразени не е за занемарување. Епидемиолошките анкети на заразените се во тек, по што ќе може да се утврди како се заразиле медиумските работници.

„Ова се податоците кои се сработени до петокот, а се чекаат резултатите и на новинарите кои беа тестирани во Центрите за јавно здравје низ државата. Новинарите и медиумските работници кои се позитивни на ИгМ, во координација со нас ќе треба да направат и дополнително ПЦР тестирање“, велат од Министерството за здравство.

Од Здружението на новинари на Македонија велат дека досега е регистрирано дека во две редакции има поголем број на заболени, додека во останатите станува збор за помалку лица.

„Бројот не е преголем, но не е ни за занемарување. Со сите кои добиле позитивен резултат, министерството ја продолжува комуникацијата за да видат каде има потреба од ПЦР тестови. Каде и како се заразени, можат да кажат само самите редакции. Како што знам, сите се во самоизолација. Свесноста е поголема од почетокот на пандемијата до сега, а маските се неизбежни и по редакциите од тоа што го имам како сознание од колегите. Само ако се придржуваме до мерките ќе можеме да го спречиме и забавиме ширењето во голема мера“, вели претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Засега, нема информација дали некој од заразените, претходно имал симптоми или контакти со заразено лице. Инаку, бесплатниот скрининг на новинар и медимски работници го организираше ресорното министерство по барање на Здраужението на новинари и медумски работници, поради зголемениот обем на работа околу активностите за предвремените парламентарни избори и дополнителната изложеност на вирусот Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски