Од 50 на 97 се искачи бројот на приведени илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка

Од:

Бројот на приведени илегалци кои работеле како градежници на градилиштата кај Стара железничка во Скопје од 50 се искачи на 97. Сите се странци без регулиран престој во Македонија и работеле непријавени.

„Денеска (23.01.2021) во Скопје, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ – МВР спроведоа контрола на градежни објекти на фирма од Република Турција помеѓу бул.„Кирил и Методиј“ и ул.„Јордан Мијалков“ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати 97 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени. Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Исто така, соодветни пријави ќе бидат поднесени против фирмата и против 15 други фирми-подизведувачи“, велат од МВР.

Попладнево, додека се уште траеше приведувањето, МВР извести дека се приведени 50 градежници, но дека контролата се уште трае. Сите се пронајдени на градилиштата зад „Рамстор“ каде што турската компанија „Лимак“, која се преставува како една од најголемите градежни компании во светот, гради подземна сообраќајница и деловно- трговски комплекс со четири дваесетканици.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа