Од 5. мај почнува акцијата „Цел Центар на точак“

Од:

По успехот и огромниот интерес на жителите и оваа година, од 5 мај, општина Центар ја започнува акцијата „Цел Центар на точак”.

Општината за 2016 година издвои 2.800.000 денари и како и минатите години, на нејзините жители ќе им субвенционира 30 проценти од вредноста на купениот велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

– Напоменуваме дека акцијата важи од денот на објавувањето. Секој полнолетен жител на општина Центар, кој ќе купи велосипед, започнувајќи од 5 мај, треба да достави копија од лична карта со која потврдуваат дека се жители на општината, фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед и копија од трансакциска сметка, соопштуваат од општина Центар.

Досегашните две акции, во кои се исплатени субвенции за купување нови 1.867 велосипеди,  како што посочуваат од општината покажале дека центарци сакааат чиста и зелена општина Центар, поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски