Од 2.079 барања за легализација во Чешиново – Облешево решени 466

Од:

Иако поднеле документи за легализација на дивоградби, дел од граѓаните на Чешиново – Облешево се уште не ги копмплетирале барањата. Поради тоа, велат од Општината, процесот од многу бавно.

– Од доставените вкупно 2.079 барања, решени се само 466 предмети, додека 13 барања се одбиени поради несоодветна техничка документација или зашто не ги исполнуваат урбанистичките критериуми, вели Катерина Постолова од Општина Чешиново – Облешево.

Вкупно 1.881 барања се доставени во првиот рок, а во вториот продолжен рок се доставени се уште 198 барања.

Останува во наредниот период во општината да бидат решени и оние дивоградби за кои граѓаните поднеле соодветна докуменатација во законски определениот рок до крајот на 2016 година.

Би можело да ве интересира

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот