А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Од 15 април се бележи пад на бројот на заболени од Ковид-19

by А1он08/05/2020 - 12:15375
Share0

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска објави нова статистичка анализа за состојбата со Ковид-19 заклучно со 5 мај, кога во земјава беа регистрирани 1.539 случаи. Според анализата и исходот од заболувањето, 25.6 отсто се активни случаи, 68.7 отсто се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашно лекување. Најголем број на заболени се на возраст над 60 години или 334 лица. Од 15 април кога биле регистрирани најмногу заболени – 107, бројот на нови случаи бележи пад.

Добивај вести на вибер

Согласно статистичката анализа на ИЈЗ, направена заклучно со 5 мај на 1.539 потврдени случаи на ковид-19, инциденцата на 100.000 жители во земјата изнесува 74.7.

Највисока кумулативна инциденца е регистрирана во Куманово со 281.7 заболени на 100.000 жители, потоа во Дебар 183.8, во Прилеп 170.0 и Велес 129.8. Инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Струга, Штип и Кочани. Градови кои регистрираат од 0.0 до 0.1 инциденца на 100.000 се Свети Николе, Берово, Ресен, Кратово.

Според оваа анализа, возраста на заболените се движи од 0 до 94 години, а просек е 45.1 година. Најголем број на заболени се на возраст над 60 години (334 лица) или 21.7% со инциденца од 871 на 100.000, а највисока специфична инциденца од 115.1 на 100.000 е регистрирана кај возрасната група од 50 до 59 години (320 лица).

Најниска инциденца од 23.6 и 25.2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0 до 9 и од 10 до 19 години, каде се пријавени 54, односно 63 случаи.

Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (107) е регистриран на 15 април, 2020 година. Од тогаш, бројот на заболени, односно епидемиската крива бележи пад и соодветно на тоа, од 25 април до 2 мај регистрирани се под 30 нови случаи, а од 2 до 5 мај регистрирани се под 15 нови случаи на ковид-19.

Од пријавените случаи 23.2% (357 лица) се или биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле или се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Кај 33.5% (516 лица) од дијагностицираните не се регистрирани симптоми на заболувањето.

– Регистрирани се 88 смртни случаи и согласно ова стапката на смртност изнесува 5,7 отсто. Од регистрираните смртни случаи најголем дел се на возраст над 60 години (57 лица). Од починатите кај 75 отсто (66 лица) се регистрирани коморбидитети, стои во анализата на ИЈЗ.

Од 15 февруари до 5 мај, тестирани се вкупно 17863 материјали во лабораториите во кои се спроведуа молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен