Од 1 јуни времена забрана за движење на камиони низ Скопје

Од:

Град Скопје соопшти дека на 1 јуни годинава ќе стартува сезонскиот вонреден времен режим на сообраќај односно забраната за движење на тешки товарни моторни возила на подрачјето на главниот град.

Забраната ќе важи во  временскиот период од 10 до 20 часот и ќе трае до 1 септември 2013 година.

Ваквиот режим се воведува поради заштита за коловозите од оштетување поради големите осни оптоварувања  на тешките товарни моторни возила во услови на високи дневни температури во летните денови.

Овој  режим на сообраќај не се однесува тешките товарни возила што превезуват лесно расипливи стоки, медицински препарати и  жива стока.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче