Од 1 јуни штипјани ќе плаќаат за паркирање

Од:

Одлуката за наплата на паркинг-просторот во центарот на градот, која минатата година ја донесе Советот на Општина Штип, од 1 јуни стапува на сила.

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, на вчерашната седница на Советот на Општината, најави дека ќе ја почитува одлуката донесена од страна на советниците од претходниот состав, која се однесува на наплатата на паркинг-местата во строгиот центар на градот.

stip (2)

Во согласност со оваа одлука, 600 паркинг-места во центарот на градот од 1 јуни ќе се наплаќаат по цена од 25 денари за еден час.

Директорот на јавното претпријатие „Стипион 2011“, Тони Јованов, најави дека во следните десетина дена треба да се набават терминали за наплата на паркинг-местата, а сè уште не е одлучено на кој начин ќе се врши наплатата.

Според најавите на градоначалникот и според состојбата на општинскита каса, не би требало да има нови вработувања.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор