Од 1. април нови поволности за паркирање за сите жители на Центар

Од:

Бесплатен паркинг за жителите на Центар, за семејствата на жителите на оваа општина и бесплатна гостинска карта се новите поволности за паркирање за жителите на Центар, кои ќе важат од 1 април.

Ова на денешната прес-конференција го соопштија градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ, директорката на ЈП Паркинзи на општина Центар Маргарита Бакев и директорот на ЈП Градски паркинг Борче Јакимовски.

Од 1. април жителите на Центар бесплатно ќе ги паркираат сите свои возила. Единствен услов е жителите на Центар да поседуваат сопствено возило.

Жителите на општина Центар од сега ќе можат да им обезбедат бесплатен паркинг на членовите на своето семејство. Поточно, жителите на Центар ќе можат да пријават три возила на членови на семејството (мајка, татко, син, ќерка, баба, дедо, чичко, тетка…) без разлика дали тие се жители на општина Центар,  кои во текот на целата година ќе можат да дојдат на гости кај семејството и притоа за нив паркингот ќе биде бесплатен. Единствено што треба да направат е да се јават на 072 251 251 и да ги најават возилата на семејството.

Гостинската карта  и покрај промотивниот период и понатаму останува бесплатна за жителите на Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски