Очув обвинет за малтретирање на едногодишно дете

Од:

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против 34-годишен скопјанец за кривично дело запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека обвинетиот се товари оти го сторил делото на 23.12.2019 година, околу 12 часот, кога неговата вонбрачна партнерка му го оставила нејзиното едногодишно дете за да го однесе кај претходно ангажирана дадилка.

– Обвинетиот очув, додека бил сам со детето во домот и додека го превезувал во возило, го малтретирал удирајќи го со тупаници во пределот на главата и лицето, при што му нанел телесни повреди изразени во вид на крвни подливи, се појаснува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, проценувајќи дека неговото присуство во текот на кривичната постапка и непреченото водење на постапката не би можеле да се обезбедат со друга мерка.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари