Оценување НАТО 1 на лесната маневарска болница на АРМ во рамки на „Македонски блесок-9“

Од:

Во Центарот за обука „Пепелиште“, денеска почна оценувањето (НАТО 1) на Лесната маневарска болница на АРМ, кое се одвива во рамки на вежбата „Македонски блесок – 9“ .

Оценувањето се реализира според Концептот за оперативни способности на НАТО, а го спроведува оценувачки тим на НАТО, кој денеска ги оценуваше интероперабилноста и оперативната способност на болницата, како главен предуслов за спроведување на следните нивоа на оценувања, согласно овој концепт.

Според сценариото на вежбата, се оценуваше имплементацијата на стандардните оперативни процедури за укажување на прва помош, прием, тријажа, хируршки третман и стабилизирање, во услови на масовен број на сериозно повредени лица во Лесната маневарска болница и нивната медицинска евакуација по воздушен пат, со примена на неопходен третман од повиско ниво на здравствена заштита.

НАТО оценувањето – Ниво 1, соопштија од ГШ на АРМ, има исклучително значење за Лесната маневарска болница на АРМ, од причина што првпат се оценува единица од овој тип, која е декларирана за упатување во мисии предводени од НАТО, ЕУ и ОН.

Во обиколка на вежбата, денеска на Армискиот полигонот „Криволак“ беше началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, придружуван од командантот на Здружената оперативна команда генерал-мајор Методија Величковски и командантот на 1.механизирана пешадиска бригада бригаден генерал Павле Арсоски.

Инаку, во рамки на цивилно-воената соработка, денеска учесниците на вежбата „Македонски Блесок – 9“ донираа еднодневна ужина на децата од Државното средно училиште (ДСУ) за образование и рехабилитација „Искра“ во Штип. За покажаната хуманост, директорката на ДСУ „Искра“, Штип до припадниците на АРМ изрази благодарност при што им врачи рачно изработена ракотворба.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени