Обвинителството заврши со распитот на членовите на терористичката група

Од:

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција утрово заврши со распитот на триесетте члена на терористичката група, по што до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерка притвор.

Осомничените, како што соопшти ОЈО, се теретат за сторени кривични дела „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста” и „Здружување заради непријателска дејност“, а дел од групата и за кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Во текот на вчерашниот ден, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција изврши увид на местото на настанот во Куманово, во населбата „Диво насеље” и прибра докази, кои смета дека ќе бидат од значајна корист во понатамошната истражна постапка.

Надлежниот обвинител издал наредба за обдукција на сите починати лица. Истражната постапка, според Јавното обвинителство, продолжува.​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда