Обвинителството во Штип обвини две лица за непочитување на полицискиот час

Од:

Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица кои во одделни кривично-правни настани го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

За стореното кривично дело обвинителството му предложило на судот на секој од обвинетите да им изрече парични казни од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 евра во денарска противвредност​.

Обвинетите, како што соопшти Јавното обвинителство, пеш или со возила се движеле низ градот, во временски период кога во сила бил полицискиот час, со што не ги почитувале донесените одлуки на Владата за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска