• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Обвинителството вложи жалба против пресуда во предметот со штитеничката на домот „Ранка Милановиќ“

by А1он12/12/2018 - 16:17192
Share0

Незадоволен од висината на изречената казна на која се осудени обвинетите за трговија со дете, надлежниот јавен обвинител, по пристигнатата писмена пресуда, во законски рок поднесе жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Добивај вести на вибер

-Обвинителот прибра обемен доказен материјал со кој се докажа дека во период од почетокот на декември 2017 година до 6 февруари 2018 година детето било жртва на трговија со луѓе, извршена од страна на осудените лица. При тоа, во Кавадарци, Радовиш, Штип и струшкото село Мислешево, првообвинетата М.Д. употребувала сила, сериозна закана и измама, ја искористила немоќта на детето па долг временски период од користољубие го принудувала за пари да дава сексуални услуги на возрасни мажи. Осудената организирала брак и го присилувала детето да се омажи, дополнително ја експлоатирала жртвата и на друг начин. Кога дознала за бременоста на детето, осомничената го испратила да абортира во Скопје. Обвинетите Е.Ј. и С.Р. сексуално ја злоупотребувале оштетената, во неколку наврати свесно и со умисла го принудувале да ги задоволува нивните сексуални потреби, нанесувајќи му физички повреди кога давало отпор, се наведува во соопштението од ЈОРМ.

За стореното кривично дело, Основниот суд Скопје 1 донесе пресуда со која трите лица се огласени за виновни за сторено кривично дело – трговија со дете. Со првостепената пресуда обвинетата М.Д. е осудена на казна затвор во траење од 13 години, додека обвинетите Е.Ј. и С.Р. на казна затвор во траење од по 12 години.

– Иако судот определи затворски казни за сторителите, надлежниот обвинител ценеше дека при определување на висината на казната судот ги преценил олеснителните околности, на сметка на отежителните. Во конкретниов случај, обвинителот согледувајќи ја севкупната состојба на детето, неговото нарушено здравје и нанесената психичка болка, ценеше дека казните по својата висина не се соодветни и не претставуваат адекватен општествен прекор упатен кон обвинетите. Од тука, имајќи ја предвид тежината и зачестеноста од ваков вид на кривични дела, а со цел да се исполнат целите на казнувањето, Обвинителството ја достави жалбата до повисокиот Апелациски суд, со барање да ја преиначи пресудата и да определи повисоки затворски казни за обвинетите, велат од ЈОРМ.

domobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 18:5418/01/2026 - 20:37

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Горан Наумовски15/01/2026 - 18:55

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:53

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски10/01/2026 - 15:2910/01/2026 - 15:58

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Горан Наумовски30/12/2025 - 16:58

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен