Обвинителството спроведе постапка за убиството на старецот кој ја фалел Катица Јанева

Од:

Јавното обвинителство во Битола спроведе истражна постапка за убиството на 80-годишниот старец од мариовското село Маково, кој бил претепан до смрт бидејќи ја пофалил работата на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Осомничениот се товари дека пред продавницата во селото неколку пати го удирал со овчарски стап по главата старецот, по што тој починал. Тој претходно кажал дека им се радувал на кривичните гонења на поранешните министри за внатрешни работи и транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.

Од ударот, старецот се здобил со повеќе повреди на главата, а по два-три часа умрел во Одделението за хирургија во Клиничката Болница во Битола.

Надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка на Основниот суд во Битола поднесе барање и за определување на мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ