Обвинителството смета дека куќниот притвор за Незири и тројцата осомничени не се доволна мерка, но не може да се жали

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека и покрај тоа што Основниот кривичен суд Скопје вчера информираше дека во предметот за случувањата во М-НАВ Кривичниот совет определил мерки куќен притвор за четворица осомничени, а „против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата“, сепак Законот за кривична постапка не дозволува обвинителството да се жали на донесените решенија.

Имено, согласно член 169 став 3 од ЗКП, кој е наведен и во правната поука на донесените решенија, само обвинетиот има право на жалба во рок од 24 часа против решението на Советот и за таа жалба одлучува советот на повисокиот суд.

За ова веќе постои и претходна судска пракса на Апелациониот суд, па Обвинителството мора да ја почитува одлуката на Судот, иако и натаму смета дека мерката куќен притвор и определените дополнителни мерки на претпазливост не се доволни за обезбедување на осомничените и за заштита на постапката.

Во исто време, надлежниот јавен обвинител во текот на денешниот ден беше известен од МВР дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за истиот настан. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот кој досега беше недостапен за органите на прогонот.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Осомничените во М-НАВ не можат веќе да влијаат на постапката, затоа е укинат притворот

Укинат притворот за шестмината во М-НАВ: обвинителство побара, судот одлучи

Предраг Петровиќ

Обвинителство: Лишени од слобода сите осум лица за упадот во М-НАВ

Предраг Петровиќ

Притвор за осомничениот за М-НАВ кој беше уапсен на границата со Косово

Куќен притвор од 30 дена за четворицата за упадот во М-НАВ

Предраг Петровиќ

Тасевски: На располагање сум за сите институции и ревизии, со соодветни документации и обуки

Предраг Петровиќ