Обвинителството прифатило Мијалков да излезе од Шутка, на потег е судот

Од:

Обвинителот Артан Ајро кој бараше притвор за Сашо Мијалков во случајот „Трезор“, дал позитивно мислење за да се прифати гаранција од над 7 милиони евра, за тој да излезе од затворот „Скопје“ во Шутка. Информацијата за „А1он“ ја потврдија од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Од Вишото јавно обвинителство, пак, пред две недели, кажаа дека дале негативно мислење за укинување на ефективниот притвор на Мијлаков. Кривичниот совет, денес треба да одлучува дали ќе го ослободи Мијалков.

„Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10,871,170,00 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата“, велат за „А1он“ од Обвинителството.

Адвокатот Петар Василев кој е бранител на Мијалков не сакаше да коментира за гаранцијата која ја понудил неговиот клиент, ниту пак, за мислењето дадено од обвинителот Артан Ајро. Тој на прашањата од „А1он“ кажа дека не може да зборува за овие прашања.

Обвинителот Пеливанов бараше да му се одреди притвор на Мијалков за еден месец, откако по судењето и затворската пресуда за ексдиректорот во случајот „Трезор“, побара и ефективен притвор. Тогаш, Пеливанов го убедуваше судечкиот совет дека Мијалков е моќен човек кој може да се даде во бегство, дека има имот во странство, дозвола за престој во Прага.

Мијалков, три месеци издржува притвор во Шутка.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков

Фирма на Мијалкови должи два милиони евра за ДДВ: УЈП ги објави најголемите должници

Орце Костов