Обвинителството поведе постапка против едно лице за убиство од небрежност за смртниот случај со младиот ловџија од Прилеп

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од небрежност од член 126 од Кривичниот законик и на судијата на претходна постапка му предложи мерки за претплазливост. Лицето е осомничено дека од небрежност го застрелало 25-годишниот прилепчанец додека биле на лов.

Како што се наведува во соопштението од ЈОРМ, осомичениот, прилепчанец на возраст од 50 години, на 17 јануари оваа година околу 10:15 часот, во местото викано Отин, во близина на село Витолиште, Мариово, застрел лице со кое заедно бил на лов на дивеч. Од повредите починал оштетениот, 25-годишен жител на Прилеп.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот издаде наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.

Обвинителството до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот и тоа, обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во ОВР Прилеп и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција