Обвинителството отвори истрага за двете импровизирани лаборатории за марихуана во станови во Скопје

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Од ОЈО информираат дека постои основано сомнение дека лицето во станот во кој живее и во станот на неговиот покоен дедо во Скопје недозволено одгледувал, преработувал и држел за продажба наркотична дрога – марихуана.

– При претрес во домот на осомничениот на булеварот „АСНОМ“ во Скопје биле пронајдени и одземени вкупно 71 стебло од растението канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, гранки во процес на сушење, тегли и други пакувања со семки од марихуана. Во втората илегална импровизирана лабораторија, пак, во стан на булеварот „Партизански одреди“, полициските службеници откриле уште 81 стебло од растението канабис сатива, кои се одгледувале во специјално направени услови со инсталирано посебно осветлување и температурни услови. Во станот биле пронајдени и 12 помали саксии со насади, ламби, вентилатори, засилувачи и друга опрема за производство на марихуана, се вели во соопштението од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека ваквата мерка е неопходна за непречено водење на постапката, односно заради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност осомничениот да го повтори делото.​​

Би можело да ве интересира

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана, се проверува поврзаноста со откриената дрога во Србија

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

Четворица од неготинско силувале 13-годишно девојче

Катерина Ѓуровски

Досега четворица пријавени за Државен јавен обвинител, огласот се затвора на полноќ

Горан Наумовски

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Го скршил стаклото на бугарската амбасада од омраза, Обвинителството бара притвор